Свет

Премиерот Мускат му одговори на Рашковски за изјавата: ”Малтежаните се измамници”

Премиерот на Малта Џозеф Мускат му одговори на генералниот секретар на македонската влада Драги Рашковски кој во “бомбата” за МНАВ вели дека Малтежаните се измамници, пишува порталот „Експрес.мк“.

“Ги отфрлам во најсилна можна смисла обвинувањата (Од Рашковски) дека Малтежаните се измамници”, изјави утринава премиерот на Малта, Џозеф Мускат.

Во одговорот до Рашковски Мускат со доза на иронија вклучува и локални теми. Тој вели дека Малтежаните можеби навистина се измамници но ако се споредат со жителите на островот Гоцо тогаш се невини како јагниња.

На почеток