Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 27/28.10. 2018 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.
„Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 88 возачи, a кај 18 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 19 мерки по горенаведениот прекршок, исклучени се 19 возачи од сообраќај, а откриени се и 23 останати прекршоци за кои се издадени 15 мандатни платни налози и 8 прекршочни платни налози“, известуваат од МВР.