Македонија

Починат маж донесен во болницата во Тетово

Шеесетиседум годишен маж од село Глобочица во Република Косово, а со место на живеење во Тетово, вчера бил донесен со автомобил во тетовската болница, каде му била регистрирана смрт.

Увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО Тетово и доктор по судска медицина извршиле увид во возилото со косовски регистарски ознаки, паркирано пред влезот на службата за брза помош, каде на совозачкото седиште се наоѓало безживотното тело на човекот

„Братот на починатото лице Л.С(72) од с.Глобочица Р.Косово, а со место на живеење во Тетово, појаснил дека околу 05:30 часот Л.А дошол пред неговиот дом во Тетово и побарал од него да го префрли до Клиничкиот центар во Тетово и се пожалил на проблеми со срцето. Л.С со возило го донел неговиот брат Л.А до Клинички центар Тетово, каде од страна на дежурен лекар било констатирано смрт кај Л.А. По наредба на ЈО на телото на починатиот извршена е обдукција и по обдукцијата истиот е предаден на фамилијата за погреб“ се наведува во соопштението на МВР.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток