Македонија

Облачно со врнежи од дожд

Според управата за хидрометеоролошки работи денеска не очекува претежно облачно време со повремен дожд и посвежо, особено на југозападот каде што ќе има пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи.

Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе засилува.

УВ индексот ќе биде помал и ќе изнесува 5.

Дневните температури на воздухот ќе бидат значително пониски и ќе се движат во интервал од 15 до 25 степени.

Во среда и четврток ќе се задржи стабилно и суво, а температурите брзо ќе се покачат. Кон крајот на неделава во попладневните часови повторно ќе има појава на локални врнежи и грмежи.

На почеток