Откако посредникот во преговорите за Договорот од Пржино Питер Ванхојте, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук поради преголемата брзина со која се движат возилата низ градот, тој доби коментар дека државата ќе ги превземе соодветните мерки кога некој ќе го удри на пешачки.
„Друже Ван Хојт, кога ќе те собере некој на пешачки сосе точак, ондак државата ќе ги превземе сите мерки за откривање на тркачите моторџии на Партизанска. До тогаш, загледувај лево десно кога преминуеш на зелено. Тенкју“, стои во објавата.