Зад проектот стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владимир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (сајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.
Организаторите најавуваат дека настанот ќе биде пропратен со спектакуларно видео и лајт шоу, а ќе бидат изведени некои од највредните дела на култните Pink Floyd како „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 од најголемите хитови, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација.
Pink Floyd е една од највлијателните и најуспешни рок-групи на сите времиња. Со својата квалитетна мелодика и извонредна хармонија си обезбеди почесно место во историјата на рокот, и е на самиот врв на светската музика. Ако за некоја музичка група може да се каже дека ги премостила психоделичниот рок од 60-тите години на 20 век и електронските рок-експерименти од 70-тите години, сигурно, тоа се секако култните Pink Floyd.
Билетите се по цена од 300 денари до 18 часот и ќе се продаваат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, Music Shop ZZ Top, тезга „Аждер“ градска чаршија и плажа Cuba Libre. Билетите на врата ќе се продаваат по цена од 400 денари.