Меѓународниот аеродром Скопје ги известува патниците на Виз Ер дека поради оперативни причини шалтерите за регистрација се затвараат точно 60 минути пред времето на полетување.
Целото известување ви го пренесуваме во целост:
„Поради оперативни причини шалтерите за регистрација се затвораат точно 60 минути пред времето на полетување на Вашиот лет до/од Меѓународниот Аеродром Скопје.
Поради тоа, Ве молиме планирајте да пристигнете на Аеродромот соодветно, за да имате доволно време за регистрација и/или за пријавување на багажот.
По регистрацијата, веднаш продолжете кон пунктовите за безбедносна проверка.
На Портите (Gates) задолжително е да сте присутни и подготвени за влегување во авион не подоцна од 30 минути пред закажаното време на полетување.
Со цел поефикасна проверка, на Портите (Gates) бидете сигурни дека патната исправа Ви е подготвена за да ја приложите.
Ве молиме имајте предвид дека Wizz Air има строга политика во однос на дозволениот рачен багаж. Не можеме да гарантираме дека сите парчиња рачен багаж ќе бидат сместени во патничката кабина на авионот. Кога ќе се достигне максималниот број на парчиња багаж во кабината на авионот, заради Ваша удобност и со цел авионот навреме да полета, Вашиот багаж може да биде сместен во одделот за багаж на авионот.
Доколку не се појавите навреме за влегување во авионот, Вашите пријавени парчиња багаж ќе бидат истоварени, а авионот ќе полета без вас“, пишува на нивниот фејсбук профил.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ НА ВИЗ ЕРПочитувани,Поради оперативни причини шалтерите за регистрација се затвораат…
Posted by Skopje International Airport – SKP on Friday, July 19, 2019