Магазин

(ВИДЕО) Партнерот на Анџелина Џоли во „Томб Рајдер, актерот Сајмон Јам прободен со нож

Сајмон Јам, познат актер и продуцент од Хонг Конг е избоден денеска со нож во стомак, а осомничениот за напад на југот од Кина е уапсен. Инцидентот се случил додека актерот бил на промоција на отворање на еден локал.

„Избоден е во стомакот и се здоби со исекотини на рацете, но цело време е во свесна состојба“, изјавил неговиот менаџер Лестер Мо.

Мотивот за нападот на актерот чие кинеско име е Јам Тат вах не е познат.

Јам глумел во повеќе од 125 филмови и 40 телевизиски серии, а играл и во холивудскиот филм Лара Крофт.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток