Скопје

Без електрично напојување делови од Ѓорче Петров, Студеничани и Сарај

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија, во периодот од 9 до 14 часот, ќе останат дел корисниците од улиците „Есперанто“ и „Мраморец“ од општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 8:30 до 11 часот електирична енергија ќе немаат корисниците од Караула „Чашка“, викенд-населбата Веле Поле, Кучково, Геолошки силекс и село Грачани.

Во периодот од 11:30 до 14 часот без елетрично напојување ќе останат дел од корисниците од село Љубин и Водовод во село Кондово во општина Сарај, а од 9 до 15 часот корисниците на улиците „4“, „6“ и „7“ од село Батинци во општина Студеничани.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток