Македонија

70 годишна дирекеторка на јавно претпријатие местела тендери

Директор на Јавното претпријатие Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип иницирал постапка за јавна набавка за градежни активности, без претходно изготвена документација и одобрение за градба. На тендерот била избрана фирма од Кочани, која добила од претпријатието над 13 милиони денари.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против С.М. (70) од село Тополовиќ, Кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Во текот на 2012 година пријавениот како директор во Јавното претпријатие Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство иницирал постапка за јавна набавка за градежни активности во наведеното јавно претпријатие, без претходно изготвена проектна документација и одобрение за градба. Притоа, за изведувач на градежните активности била избрана фирма од Кочани, која стекнала противправна имотна корист од 13.150.062 денара.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток