Девојката која ја сними обвинителката Катица Јанева во фризерско студио, на шала коментира дека сега таа треба да биде шефица на специјалното јавно обвинителство.
„Отидов да ја уловам, сега треба да ме стаат за шефица на СЈО“, пишува девојката.
Специјаланта јавна обвинителка Катица Јанева е снимена додека се разубавува во фризерски салон. Снимките покажуваат како Јанева најпрво ја мие косата, а потоа се фенира.