Македонија

На младите од Северна Македонија им е достапен уште еден фонд на ЕУ

На денешната седница е усвоен Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија за учество на Република Северна Македонија во “Европскиот корпус на солидарност”, и да го достави на усвојување до Собранието.

Со ратификацијата на Спогодбата за учество на Република Северна Македонија во “Европскиот корпус на солидарност” младите лица од нашата земја на возраст од 18-30 години ќе се стекнат со можност во државите-членки на ЕУ да реализираат волонтерски активности во времетраење од 2-12 месеци, додека  за солидарните проекти е карактеристично што се единствени проекти кои може да се реализираат без партнерска организација од друга држава-учесник од ЕУ и се однесуваат на клучните предизвици во локалната средина и за промоција на европските вредности. Во име на групата млади лица, за овие програми ќе можат да аплицираат општините, училиштата, универзитетите, библиотеките, граѓанските организации и др.

На почеток