Македонија

Азманов раскажа како бил рекетиран од Боки 13: Кирацовски контролирал портал кој пишувал невистини за бизнисменот

Бизнисменот Зоран Азманов во интервју за Инфомакс раскажува како бил рекетиран од Бојан Јовановски Боки 13.

– Не се секирај, имам докази, зад мене стојат СЈО и Финансова полиција. Вака ми кажа Боки кога му се јавив да го прашам зошто објавува за мене дека сум бил градежна мафија. Јас немам ниту една фактура кон државата. Милион евра годишно плаќам данок на државата. Боки 13 не платил во животот едно денарче данок. Ние го плаќаме СЈО. Тоа што се случуваше во 1 ТВ не е за леб, туку за преку леб погача. Зошто се забрани да не се претресе станот на Јанева? – прашува тој.

– Еднаш реагирав до порталот Доказ да симне објавени невистини, но уредникот ми рече не можам ништо да избришам додека не ми каже Кирацовски! Замислете! – вели Азманов во интервјуто.

На почеток