Поголем дел од фасадите на зградите од проектот ,,Скопје 2014“, се направени од малтер што личи на мермер, како што може да се слушне и во една од т.н. бомби.
Минувачи фотографирале парчиња од фасада на Агенција за медиуми, која се наоѓа близу хотелот ,,Бристол“.
Еден од снимените разговори од прислушувањето, се однесува токму на тоа. Имено, Никола Груевски, премиерот, му се јавува на Миле Јанакиески, министерот, да му каже со каква фасада да се прават зградите:
Никола Груевски беше главниот идеолог, архитект, градежен инженер и финансиер, но од народни пари, на преплатениот и неквалитетно изведен проект ,,Скопје 2014“.
Сега, владините служби не знаат како да е справат со секојдневните обврски и трошоци за санирање и одржувае на зградите и спомениците. Зградите , како што е оваа на фотографијата, но и сите други , Археолошки музеј на пример, прокиснуваат на секој поголем дожд, подрумите се полни со влага и вида, фасадите се распаѓаат.
Проектот ги чинеше граѓаните на Македонија фантастични 800 милиони евра.