Македонија

Случајот со мажот кој брутално претепа жена сред Скопје пријавен во полиција, од таму велат детали подоцна

Мвр потврди дека случајот со Мажот кој брутално претепа жена сред Скопје, е пријавен во полиција. Велат дека детали за настанот ќе обелоденат во текот на денов.

Инаку снимката на која се гледа како жена била нападната од таксисит во близина на Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје, денеска се рашири на социјлните мрежи. Видеото се гледа како  жената застанува пред такси возило, а потоа, непознат маж истрчува и ја фрла на земја.
Во близина има и едно лице кое се обидува да го оттрге мажот од жената, но безуспешно.

Според неофицијални информации, тоа е таксистот на возилото.

На почеток