Магазин

„Гугл“ воведува нова опција која ќе го унапреди пребарувањето на интернет

Новата опција во понудата на „Гугл“ наречена Discover feed која технолошкиот гигант ја најави минатиот месец за време на одбележувањето на својата 20-годишнина, постепено почна да пристигнува до корисниците.

Функцијата Discover feed е наменета за корисници на мобилни уреди и нуди повеќе кратенки за пребарување.

Голем број на кратенки се наменети за пристап до неодамнешни вести, но преку нив може да се добие и моменталната временска прогноза, спортски резултати и други вести.

Новата надградба претставува голема промена за најпопуларниот пребарувач во светот, бидејќи „Гугл“ се повеќе почнува да посветува внимание на нови и актуелни информации.

Тоа значи дека при пребарувањето, „Гугл“ ќе се обиде да го предвиди терминот што го барате, пред истиот самите да го впишете во прелистувачoт.

Инаку, „Гугл хром“ веќе им нуди на корисниците неколку предложени дестинации за пребарување кои се појавуваат веднаш по отворањето на нов таб.

Опцијата Discover feed ќе може да се користи со пребарувачите „Хром“ и „Сафари“, како на „Андроид“, така и на „ИОС“ платформи.

Засега, е достапна само за корисниците во САД, но наскоро ќе биде овозможенa и во други делови на светот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток