Македонија

ФОТО: Две лица тешко повредени, шест со полесни повреди по сообраќајката кај Катланово

Две лица се тешко повредeни, а уште шестмина се здобиле со полесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи претпладнево на автопатот Велес – Скопје, меѓу две патнички возила, едното од Велес, друго од Германија и товарно возило со скопски таблички, потврдија од МВР.

Според податоците на МВР, околу 11:55 часот на автопатот Велес – Скопје, атар на село Катланово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“, со велешка регистрација кое го управувал 32 годишен велешанец, патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки кое го управувал германски државјанин и товарно возило „ивеко“ со скопски таблици кое било запрено од 44 скопјанец.

Со тешки повреди се здобиле двајца сопатници во возилото „ауди“ од Германија, а возачот и уште една сопатничка во аудито се здобиле со телесни повреди, како и четири сопатници во возилото „алфа ромео“.

СВР Скопје направи увид на местото на сообраќајната несреќа.

На почеток