Скопје

Обновена куќичката во Градски парк

Вработените на ЈП “Паркови и зеленило” за кратко време извршија обновување на дрвената декоративна куќичка која викендов беше уништена од несовесни посетители во Градскиот парк.

„Вредните раце на нашите ваботени за кратко време извршија обновување на дрвената декоративна куќичка, која викендов беше уништена од несовесни посетители во Градскиот парк, враќајќи го нејзиниот уникатен првобитен изглед“, велат од претпријатието.

Инаку екипите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ неодамна направија куќичка од трупецот на едно старо исушено дрво во Градскиот парк. Идејата е во иднина стеблата на сувите или болни дрвја место да се сечат до земја, да прераснат во разни интересни форми.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток