Македонија

30 дена притвор за осомничените за половиот напад во Гостивар

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог до судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар, за определување мерка притвор за осомничените за кои постои сомнение дека во повеќе наврати извршиле кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Притворот на осомничените е побаран согласно член 165 од Законот за кривична постапка, а поради постоење опасност од бегство, дека ќе влијаат на сведоци, како и дека постојат можности да го повторат кривичното дело. Судот со Решение го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во времетраење од 30 дена.

Во предметот се преземаат дејствија за утврдување на фактите и прибирање на доказен материјал против лица кои злоупотребувале дете на возраст од 13 години. Постојат сомненија дека во вршењето на кривичното дело учествувале повеќе лица, од кои за двајца осомничени веќе постои централен распис за нивно пронаоѓање. Во меѓувреме обвинителството во соработка со Министерството за внатрешни работи го утврдува идентитетот и на други лица кои биле инволвирани во настанот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток