Време е работите да се придвижат за доброто на земјата, времето за игри е поминато, истакна американскиот в.д. помошник државен секретар, Филип Рикер, на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за новиот закон за Јавно обвинителство.
„Ова е клучно за процесот на евроинтеграции, но и за граѓаните. Времето да се задржува ова од страна на опозицијата треба да заврши и се надевам ќе имаат конструктивен пристап. Мора да видиме разумни напори, закон за Јавното обвинителство мора да се придвижи, а неговото усвојување сега значи дека тоа повеќе нема да биде ‘прашање‘ и ЕУ ќе може да ги отвори пристапните преговори наесен“, рече Рикер на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев по средбата во Владата.
