Македонија

(ФОТО) Струга никогаш не била позагадена и позатрупана со ѓубре

Во екот налетната сезона во Струга никогаш не било позагадено и позатрупано со ѓубре.

Центарот на градот и чаршијата наликуваат на депонија, а од неа, на далеку се шири непријатна миризба.

Добро сесеќаваме на предизборните ветувања на СДСМ и градоначалникот на град Струга, РамизМерко, дека депонијата ќе биде дислоцирана.

И да е иронијата уште поголема, депонијата е дислоцирана, но за жал,во срцето на градот, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга.

Е па, почитувани господа од власта, ова не е европска Струга, а уште помалку европска Македонија.

Европска Струга треба да биде чиста и средена и за време на летната сезона, но и прекуцелата година!

Го повикуваме директоротна ЈП Комунално, Иван Клечкароски, да направи увид и да види, во каква состојба е градот.

И да го потсетиме дека треба да води евиденција за јавниот простор и неговото уредување, не само да се води како директор, а да неработиништо!

Струга веќе го допредното!

Од град на поезијата, СДСМ успеа да направи град на нечистотија!

Ова не го заслужува никој од нас!

Заслужуваме чист град, онака како што му доликува, со сите епитети и природни убавини кои го красат, се вли во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток