Скопје

Денеска во Скопје посебен сообраќаен режим еве каде и зошто ….

Денеска во времето од 15:30 до 19:00 часот ќе се одржи велосипедска трка по повод денот на општината „Илинден’’- 2-ри Август, организиранa од страна на oпштина Илинден на следните релации:

  • Велосипедска трка за рекреативци со почеток во 15:30 часот, со старт спортска сала „Гоце Делчев“ – Марино –Илинден улица „9“ – улица „8“ – спортска сала „Гоце Делчев“;
  • Велосипедска трка за професионалци со почеток во 16:00 часот, со старт од спортска сала „Гоце Делчев“ – општинска зграда Илинден – надвозник во н. Илинден – Ајватовци –Мршевци – Дељадровци – Текија – Миладиновци – Кадино – Марино – спортска сала „Гоце Делчев“ (трката ќе заврши околу 19:00 часот).

Од  тие причини Одделението за Безбедност  на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведените траси, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

 

На почеток