Ослободена е снимателката која клоцаше бегалци додека се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон во унгарскиот прифатен центар.
Според пресудата на третостепениот суд во Унгарија, снимателката не покажала вандализам.
Судот верува дека таа може да биде судена само за нарушување на јавниот ред и мир, но со оглед на тоа што настанот се случил пред три години, прекршокот веќе бил застарен.
Претходно, првостепениот и второстепениот суд ја осудија снимателката на тригодишна условна затворска казна.
По инцидентот, снимателката доби отказ.