Пратеничката Даниела Рангелова во емисијата Отворено 24 изјави дека закани по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство има почуствувано на своја кожа.
„Вакви закани има уште од времето на Шарената Револуција, кога СДСМ сакаше да дојде на власт. Така почна, за жал ескалираше. СДСМ дојдоа на власт, тие сега се опуштени, нема закани кон нас. Сега има проблем од нашето членство, а тоа го почувствував на 30 септември. Беа упатени закани кон мене и син ми, но не се плашам. За ова се виновни политичарите и ние пратениците, луѓето чувствуваст потреба да заштитат нешто, идентитетот и државата и затоа упатуваат закани. Обично членовите го имитираат однесувањето на повисоките членови од партијата. Мислам дека овој говор на омраза, треба час поскоро да заврши.