Во последно време се почесто гледаме постови, фотографии, слики, видеа, на кои се гледа како домашни миленици се оставаат или „фрлаат“ на улица од страна на нивните сопственици.
Предмалку на групата „Миленичиња домашни и улични“ беше поставен пост во кој пишува:
„Пред 15 минути во Н.Драчево пред мојата куќа пуштија т.е. фрлија кучето од кола.
Кучето е маламут мажјак со железен ланец.
Колата беше БЕЛ ПИКАП!
Луѓето (психопатите) не ги видов затоа што беа на улица со колата.
Не можев да ја видам регистрација заради тоа што јас бев кај мене во двор, тие само застанаа го видоа знакот ПАЗИ КУЧЕ и го фрлија кучето и со голема брзина продолжија.
Во примив кучето му дадов храна се најаде и пиеше вода и морав да го пуштам пак надвор заради тоа што и јас имам куче мажјак и да не се здават.
Ова мора да запре!
АКО НЕКОЈ ВИДИ БЕК ПИКАП ВО НАСЕЛБА ДРАЧЕВО, ОБАВЕЗНО ДА МЕ КОНТАТКТИРА, стои во објавата на социјлната мрежа фејсбук.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2682113951881714&set=pcb.2361132507314713&type=3&theater
Кучето е најдобар пријател на човекот. Со ова се сложуваат оние кои им ја пружат сета љубов на своите миленичиња, а тие пак чувствувајќи, ја возвраќаат во многу поголема мера. Домашните миленици бараат љубов и храна и ништо повеќе.Но, за жал има и такви кои ги земат затоа што станува „мода“ да се има домашен миленик. Но, по кратко време сакаат да се ослободат од него. Ваков пример обелоденет беше на 26 јуни . Во видео поставено на истата група на ФБ се гледа како од автомобил „исфрлаат“ куче и му заминуваат, а тоа обидувајќи се да ги стигни „сопствениците“ трча по нив.
Но, кога веќе имаме проблем со кучињата скитници кој никако властите неможат да го решат и да им изнајдат начин да ги згрижат, ова станува дополнителен проблем.
Ветеринарите пак се категорични, домашно куче кога ќе се остави на улица станува опасно и агресивно. Тоа според нив се наоѓа во нова средина во која мора да се бори за храна, но и се соочува со многу поразлични услови за живост од оние кои ги имало до тогаш.