Свет

Рекордна вработеност во Германија

Златен октомври на германскиот пазар на работа – бројот на невработени е паднат на 2,2 милиони, што значи првпат пад под 5 проценти невработеност. Освен тоа, има стотици илјади непополнети работни места.

Благодарение на есенскиот полет, бројот на невработени во Германија во октомври паднал на 2,204 милиони. Тоа е најниска стапка на невработеност по обединувањето на Германија. Стапката на невработени првпат од почетокот на пресметувањето од страна на Сојузната агенција за работа е под пет проценти и изнесува – 4,9%.

Во споредба со претходниот месец, бројот на невработени во октомври е понизок за 53.000. Во споредба со истиот период лани, тој број е помал за 185.000, соопшти денеска Сојузната агенција за работа. Дури и кога од статистиките ќе се извади бројот на сезонски вработувања, бројот на невработени е најнизок досега.

Покрај тоа, од Сојузната агенција за работа се нагласува дека ширум земјата сѐ уште се непополнети 824.000 работни места, односно 44.000 повеќе отколку пред една година.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток