Кучиња скитници спасиле бебе откако една Индијка одлучила да се ослободи од своето дете фрлајќи го во одвод. Камерите ја фатија на дело Индијката во градот Каитал, како своето бебе го става во најлон, а потоа го фрла во одводот.
Дека нешто чудно се случува, забележале кучињата скитници. Го извлекле бебето, а потоа со своето лаење привлекле внимание на минувачите, за да повикаат полиција. Детето потоа било пренесено во болница каде му била укажана лекарска помош. Кога било пронајдено, бебешко еден килограм и имало повреди на главата.
Полицијата уште трага по мајката.
