Македонија

Усеини негира дека го натепал професорот: Имаше само расправија

Советникот Усеини негира дека го натепал професорот Илјаз Илјази. Тој за ТВ24 вели „Имаше расправија но не и тепачка“ додавајќи дека за случајот исказ во полиција.

Посочува дека споменатиот професор подолго време влегувал во расправија со вработените од неговата компанија Нефи ИК кои пак работеле на изградба на објект во близина на зградата каде живее Илјази.

Сепак СВР Охрид преку соопштение информира дека вчера на тоа место имало физички напад.

„На 29.07. 2019 та околу 10 часот, на улицата ,,Сатеска” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.У  и уште едно лица врз И.И. Н.У е повикан во полициска станица и извршен е службен разговор и против него и вториот напаѓач ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информира СВР.

На почеток