Во центарот на Ѓаковица за денеска е најавен протест со барање за ослободување на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) од овој град, Томор Морина.
Тој минатата недела беше уапсен од македонската полиција врз основа на потерница од Интерпол, а во меѓувреме српските власти побараа негова екстрадиција.
Вчера со такво барање истапи и вицепремиерот задолжен за европски прашања во Владата во Скопје, Бујар Османи од Демократската унија за интеграција (ДУИ), кој изјави дека потерницата за Морина треба да се поништи, затоа што е издадена „како за граѓанин на Република Србија, додека тој е државјанин на Република Косово“.