Вистински спектакл на мајката природа успеала да забележи една камера. Станува збор за ерупција на вулканот Кракатао, кој е позициониран во Индонезија помеѓу островите Јава и Суматра.
Кракатау припаѓа во групата на активни вулкани во така наречениот “Огнен појас на Пацификот”, а зголемената активност се покажува од јуни оваа година.
Кракатао, инаку, некогаш беше назив за остров со вулканско потекло кој го разнесе силна ерупција на вулканот во 1883 година. Тоа е една од најпознатите експлозии на сите времиња. Денес на тоа место е островот Ракату.
Научниците велат дека таа година вулканот ги изложил своите најголеми капацитети и дека шансите се многу мали за повторно да дојде до слична експлозија.