Кривичниот суд во Скопје го одби барањето на Сашо Мијалков да го добие пасошот назад со цел да му биде укажана лекарска интервенција која не се изведува во Македонија.
На социјалните мрежи се огласи новинарот Борјан Јовановски кој вели државата да биде хумана во врска со барањето за враќањето на пасошот на Сашо Мијалков заради лекување во странство.
„Искрено, јас исто мислам дека државата пред сѐ, треба да биде хумана. Ако постојат инструменти со кои ќе се превенира било каква злоупотреба на дозволата и ако дијагнозата навистина упатува на потреба од тоа, нормално е да се излезе во пресрет“, пишува Јовановски откако на социјалните мрежи се разви дебата во врска со враќањето на пасошот на Мијалков.
