Министерот за економија, Крешник Бектеши, соопшти дека ако некој сака да го замени старото возило со ново, ќе има можност да добие Владина субвенција од 2.000 до 3.000 евра. Според него, критериумите за поддршката се уште не се дефинирани, но веројатно ќе базираат на приходите во семејствата.
„Ако има ребаланс на Буџетот реализацијата на оваа и останатите планирани мерки ќе почне годинава, а ако не, тогаш средства ќе се обезбедат догодина и имплементацијата ќе стартува од 1 јануари 2020“, рече Бектеши.
Тој појасни дека нелогично би било некој да купи возило вредно 30.000 или 40.000 евра, а да добие субвенција.
