Досега во Основното јавно обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“ изјави дале десетина бизнисмени, двајца градоначалници, адвокати и бројни други посредни и непосредни сведоци во рекетот на првиот човек на 1ТВ Бојан Јовановски. Во целата мрежа на Боки 13 била вклучена и неговата невладина организација Меѓународен сојуз преку која исто така се извлекувале стотици илјади евра и се пробувало да се добиваат маркици за изградба на објекти за социјална намена.
На 25 декември 2017 година Бојан Јовановски, основач на невладината организација Меѓународен сојуз – Скопје (организација за изградба на т.н. европски центри за возрасни лица и мобилни сервиси на териториите на македонските општини), потпишал Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски, потпишан од министерот Горан Сугарески, објави Плусинфо.
За време на сите овие контакти Боки 13 никогаш не заборавал да каже дека е добар пријател со Катица Јанева, некаде дури и директно да ѝ се јави и на спикерфон отворено да побара помош доколку бизнисменот бил директно или индиректно замешан во некои од случаите на СЈО.
Специјалната јавна обвинителка за ова изјавува дека била злоупотребена, но останува прашањето кој и зошто ја штити Јанева.
Плусинфо пишува дека една од клучните личности во овој случај може да биде и јатрва на една наша многу моќна и позната политичарка.
