Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 20:20 часот на магистралниот пат Велес – Штип кај приклучокот за Ново Село при директен судар помеѓу комби и авотoбус. Како што информираше Верољуб Додевски од СВР Велес, има еден загинат и повеќе повредени кои со возила на брза помош се пренесуваат во Општата болница во Велес.
На местото на настанот имаат и екипи од противпожарната единица кои ги извлекуваат повредените од автобусот. Полицијата врши увид на местото на настанот.
