Откако беше објавено дека Заврши вештачењето и на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска за Канал 5 вели дека во телефонот на Катица Јанева нема ништо, односно дека е форматиран со сменет I Cloud.
На ова со своја реакција излезе новинарката и политиколог Јорданка Ивановска-Јоци.
“Вака било. Отишла Ката у мобилара. Им рекла – ,,имам нешо у ,,клаудов” на мобилов, може ли да ми го тргнете. Многу ми е облачно. Нешо сонценце стајте ми, да ме огрее, срценце, емотиконче смајли, кај ринг тонот обавезно од ,,Кум” песнана за будење..онаа ја знаете, коа Ал Пачино се жени за поштена, па му ја убиваат одма..шо се пее по свадби у Џевџели, уствари не..ја слушав на кабелска”.
Овие – ,,а ова муабетиве од вибер, ватс ап за кешов поголем од зградана на Трамп, шо да му праиме, плеј листава од Драгана Миркович, снимкиве од гастро на желудец со октопод унутра ?”.
Ката: ,”Бриши се`, остај го октоподот, Вилма не јаде октоподи, нема да сконта’”, пишува Јоци.
