Македонија

Демир Хисар негира дека побарале химната да се интонира во поинаква верзија

Општина Демир Хисар и организацискиот одбор на официјалната прослава на Илинден во с.Смилево најостро ја демантираат дезинформацијата дека од било кого било барано химната на Република Северна Македонија да ја изведува во каква било поинаква верзија, од онаа која е пропишана во Законот.

“Химната ќе се изведува во својата официјална и целосна верзија. Ги покануваме граѓаните да дојдат и заеднички да покажеме дека сме посилни од сите оние кои со вакви злонамерни дезинформации ја нарушуваат нашата традиција и нашиот светол заеднички празник Илинден, стои во соопштението од општина Демир Хисар”, стои во писменото соопштение.

Инаку попладнево беше објавено на социјалните мрежи дека од извесен Марко било побарано да ја интонира химната без да ги споменува Даме згруев, Гоце Делчев,  Питу Гули и Сандански.

На почеток