Македонија

Крадци на ограда и животни ја загрозуваат безбедноста на автопатот Гостивар – Тетово

Возењето по автопатската делница Гостивар – Тетово може да се претвори во вистински кошмар. При брзини што често надминуваат 100 километри на час, на коловозот се појавуваат животни и сериозно ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Шок од „средбите“ со бездомни кучиња, диви, домашни животни, па дури и коњи, годишно доживуваат над стотина возачи. Најчесто во ваквите сообраќајни несреќи има само материјална штета, но имало и случаи на загинати, овјави МИА.

Годишно над сто сообраќајни несреќи предизвикани од животни

Појавата на животни по коловозот на автопатот Мајка Тереза (Гостивар – Тетово – Скопје) најчесто се објаснува со недостиг на заштитна ограда на одредени места и типот на автопатот. Тој е од отворен тип и има повеќе влезови и клучки што обезбедуваат пристап до повеќе населби што се лево и десно од оваа сообраќајница.

Животните ги пронаоѓаат овие места и неконтролирано се движат по коловозот.

Возачите се соочуваат со дополнителни непријатности особено во ноќните часови, кога видливоста е помала, а можноста да се избегнат исто така многу отежната.

Според евиденцијата на полицијата, на годишно ниво се регистраат над сто сообраќајни несреќи во кои директни причинители се токму животни.

Гостиварската секција лани заменила и поставила 1 740 метри, а годинава за првите пет месеци 640 метри. Тетовската секција Тетово на потегот од Жеровјане до скопско Глумово годинава заменила и поставила 2 500 метри.

Кражбата на металната заштитна ограда е кривично дело

Последиците што може да ги предизвика крадењето на металната заштитна ограда воопшто не се наивна работа, предупредуваат патарите. Пред некоја година беше објавен податок дека по должината на речиси 60-километарскиот автопат беа украдени над четири километри заштитна жичена ограда.

Иако најголем број минатогодишни и годинашни несреќи предизвикани од кучиња скитници што неконтролирано се движеле по коловозот поминале без посериозно повредени возачи или сопатници, сепак е причинета материјална штета на возилата. Тоа на сопствениците на автомобилите им создава дополнителни маки, за да ја наплатат штетата од осигурителните компании.

 

Зоран Г. Маџоски  МИА

 

На почеток