Македонија

Дескоска: Нема напредок, опозицијата бара строга централизација на обвинителскиот систем

„ВМРО ДПМНЕ бара целосно демонтирање на СЈО и на Обвинителството за борба  организиран криминал, затоа што не се согласува сите обвинители и вработени во СЈО да преминат во Обвинителството за борба организиран криминал, ниту ова Обвинителство да продолжи со истрагите од прислушуваните разговори“ рече министерката за правда Рената Дескоска по средбата со преставници на ВМРО ДПМНЕ околу новиот Закон за јавно обвинителство.

Доколку се прифатат барањата на опозицијата, многу истраги и предмети на СЈО ќе застара, додава таа.

Следната средба најверојатно ќе биде по 15 август.

 

На почеток