Коментари

Геровски предупредува: Соработниците на Боки 13 можаат да избегаат ако истрагата за “Рекет” не биде забрзана

Нова објава на новинарот Бранко Героски на социјалната мрежа Фејсбук. Еве што напиша:

ИСТРАГАТА ЗА “РЕКЕТ” ДА ПОБРЗА И ДА ВНИМАВА! ГЛАВНИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА БОКИ 13 ВО ПЕРЕЊЕТО ПАРИ МОЖАТ ДА КИДНАТ. ВО ВТОРНИК ЌЕ ОБЕЛОДЕНАМ КОИ СЕ ТИЕ И КАКВА Е НИВНАТА ВРСКА СО ЛИЦЕ ОД САМИОТ ВРВ НА СДСМ. АПОЛОГЕТИ, БЕЗ ПАНИКА – НЕ Е ЗАЕВ!

Пензионерката Лилјана Тодоровска за Телма го даде клучниот исказ за тоа како се испрани парите од градежните фирми “Пелистер” и од “Дрим билдинг”.

Но, Лилјана Тодоровска не е перачот, туку луѓето кои биле со неа и кои веднаш и ги зеле парите. Очекувам Тодоровска итно да ги соопшти нивните имиња, за да ја намали или дури и да ја оттргне вината од себе.

Според моите сознанија, Фросина Ременски исто така ги знае овие лица и ја знае шемата. Бидејќи таа најави дека ќе соработува со истрагата, очекувам отворено да ги каже овие работи.

Кој мисли да избега од фактите, гадно се зезнал!

Ќе почекам до понеделник, а потоа во вторник ќе ги соопштам клучните луѓе од Меѓународен сојуз кои учествувале во операцијата на перење пари. Се надевам дека истрагата ги следи и дека нема да им дозволи да избегаат од земјата, бидејќи, како што слушам, лицето кое е најважен соработник на Боки 13 веќе чистела документи од неговата канцеларија.

И нешто друго ќе објавам во вторник, ако истрагата и натаму продолжи да тапка в место – можеби само со псевдоними и референци, но лесни за препознавање, ќе ја кажам врската на клучните перачи на Боки 13 со лице од самиот врв на СДСМ.

За апологетите да не паничат, еве ќе ги смирам малку – не е Заев!

Се надевам и очекувам истрагата да биде побрза од мене.

До читање во вторник!

ПС. Ако се наложи итна потреба, ќе пишувам и поскоро. Ова одложување не е никаков маркетиншки трик, туку моја искрена желба истрагата да се истакне, а и во СДСМ да почнат со внатрешна лустрација во врска со овој случај.

https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2313079632147052

На почеток