Македонија

Мицкоски денеска ќе присуствува на прославата во струшкото село Ташмаруништа

Делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски ќе биде присутна во струшкото село  Ташмаруништа каде   претставници на  на ВМРО-ДПМНЕ ќе положат цвеќе.

Делегации од партијата ќе присуствуваат и на Мечкин камен во Крушево ,во меморијалниот центар „АСНОМ“, Пелинце, а ќе положат цвеќе и  пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев, потоа пред споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто, плоштад „Македонија“ и пред Алејата на славните во  Бутел.

 

На почеток