Напливот на посетители кои продолжениот викенд го искористуваат да го посетат главниот туристички центар во државава, Охрид, го блокираше градот. Низ центарските улици тешко се поминува, а дополнителен проблем е и паркинг просторот, кој го нема во доволен број.
Туристите и охриѓани се заглавија и на излезот од Охрид, но и за враќање во градот. Сообраќајот доживеа колапс, посебно, од плажата Славија до влезот во градот. Возачите се нервозни и свират, поради гужвите.
Дополнително, сообраќајот беше закочен и поради сообраќајката која се случи во близина на хотел Силекс. Поради истата, 30 минути патот беше блокиран.
