Директорот на БЈБ, Сашо Тасевски познат по тоа што на 27 април пукаше во плафонот на Собранието, илинденската вечер ја помина на кубанска забава. Со него беа повеќе пријатели.
Откако седна на претходно резервираната маса, тој цела вечер остана настрана. Но, додека да седне на масата, обезбедувањето се погрижи да ги тргне настрана присутните, кои уживаа во одличната забава.
Тасевски и порано е виден на кубанските журки во Охрид.
