Македонија

Ако патувате за Грција, ќе заглавите на граница

За влез во Грција, на граничниот премин Евзони, и утрово се чекаше и по два часа, што значи дека „шпицот“ не помина вчера. Колоните возила се речиси споени со македонската граница, а формалностите за влез во соседната земја се одвиваат бавно.

Од АМСМ, пак, известуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, освен на „Богородица“ каде времето на чекање е од 10 до 20 минути. На „Табановце“, пак, се чека од 15 до 30 минути.

На почеток