На некои охридски плажи за Илинден и продолжениот викенд кога има најголем број посетитлеи се наплаќа влез. Плажите на кои до пред три дена, сите влегуваа слободно, го искористија напливот на туристи за профит плус.
Кога туристите прашуваат дали има слободни лежалки, тие велат не знаеме плати и провери!
Туристите и постојаните посетители се револтирани поради овој однос. Велат се злоупотрбува напливот на гости.
Само за потсетување. Концесионерите на плажи никако не смејат да наплаќаат влез на плажа. Но, очигледно ова правило во ова време не важи затоа што угостителските објекти изградени на плажите на Охридско–струшкото крајбрежје две години работат со истечени договори. Нема кој да ги контролира некогашните закупци, а тие пак тријат раце и измислуваат начини да соберат што повеќе пари.
Инаку плажите во Охрид беа замислени како зони за рекреација со безбедни капалишта, уредена површина и објекти од времен карактер за угостителски услуги кои ќе придонесат за развој на туризмот. Плажите треба да имаат 60 % од површината лежалки, а 40% слободен простор за тие што сакаат на уживаат на песок.
Но, веќе одамна ни ова правило не се почитува. Лежалку не само што има поставени на целата површина, туку се толку блиску една до друга што буквално некој ти дише во врат.
Министерот Сугарески неофамна кажа дека проблемите со плажите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро не можат да се решат без државна интервенција, бидејќи надлежните општински служби не реагираат содветно.
Новиот закон за градежно земјиште кој предвидува одземање на ингеренциите за плажите од општините во собраниска процедура треба да влезе овој месец.