Македонија

Обвинителството не знае што има во телефонот на Боки 13, по повеќе од 15 дена не е извештачен

Се преземаат активности за вештачење и на мобилниот телефон на Бојан Јовановски – Боки 13, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, пишува порталот „Плусинфо“.

Телефонот, посочуваат оттаму, му е одземен уште на 15 јули, дента кога беше отворена истрагата за случајот „Рекет“ и тој заедно со Зоран Милески – Кичеец, беше приведен.

Тогаш, обвинителката Вилма Русковска прати истражители и во домот на шефицата на СЈО, Катица Јанева, да ѝ ги одземат мобилните телефони за да се провери вмешаноста на Јанева во овој скандал.

На почеток