Македонија

Богоевски за Русковска: Колку подолго е на одмор, толку повеќе време за уништување докази

Експратеникот Павле Богоевски по објавување на снимката каде се гледа како Боки 13 и Зоки Кичеец си заминуваат со торба пари од домот на Орце Камчев, вели дека е убаво потсетување дека одморот на обвинителите е избрзан.

„Ова е многу убаво потсетување од странците дека одморот на обвинителите и истражителите е избрзан. И оваа фаза од постапката е врзана со рокови. Колку повеќе одмор = толку помалку време за работа, помалку резултати, послаб предмет. Толку повеќе време за форматирање телефони и уништување на докази во другите предмети за кои има индиции во јавноста. Во спротивно, ризикуваме и други клучни фигури во истрагата да си го продолжат одморот (боледувањето) на неопределено“, пишува експратеникот на социјалните мрежи.

На почеток