Македонија

Обвинителката Стефанова за снимката: Ништо не е точно!

Обвинителката Лиле Стефанова, која во најновиот објавен снимен разговор што го пушти италијанскиот весник „Ла верита“ осомничениот во „Империја“ Орце Камчев се обидува да ја компромитира со тоа дека наводно преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец барала дуќан за стоматолошка ординација, вели дека е лага од осомничен кој е свесен дека тој самиот се снима. Обратно е, вели таа, Камчев се обиде да влијае, но без успех.

„Лично ја слушав денешната објава на снимката за предметот кој и мене директно ме тангира. Апсолутно нема никаква вистина, вели за „Слободен печат“ обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова.

 

На почеток