Македонија

На Васко Ефтов му истече договорот, Јани Бојаџи нов управител на ТВ Алфа

На новинарот Васко Ефтов му истече едногодишниот менаџерски договор, по што Алфа му се заблагодари за досегашната соработка и за неговите напори кои ги вложил за успешно водење на телевизијата.

Менаџментот на Алфа Скоп донесе одлука за нов управител да биде именуван Јани Бојаџи, познат македонски режисер и продуцент, за кој се надеваме дека со својот квалитет и професионално искуство ќе постигне големи успеси и натамошен развој на телевизијата -стои во известувањето од Алфа Скоп.

На почеток