Македонија

Кој има интерес снимки да излегуваат во јавност? Обвинителството – НЕ, Камчев – НЕ, кој е трет?

Јавноста досега знаеше дека Јовановски и Милевски си заминале од домот на Камчев со уредно спакувани еден милион евра. Тоа го објави обвинителството уште на денот, 15 јули, кога беше соопштено дека двајцата се осомничени за уцена на бизнисменот, пишува dw.com.

Ниту пак е изненадување споменувањето и повикувањето на Боки 13 на името на специјалната обвинителка Катица Јанева. Обвинителката Вилма Русковска го потврди тоа во интервју за телевизија Телма на крајот на јули.

Сепак, визуелизацијата на моментот- можноста да се види како сето изгледало- ја возбуди јавноста, предизвика сензација и ја загреа политичката атмосфера во земјата до максимум.

Смееме ли да прашаме како се најдоа овие снимки во рацете на опскурен италијански весник? И зошто? Кој би имал интерес овие снимки да излегуваат во јавност? Обвинителството? Секако не. Камчев? Веројатно, исто така, не.

Читајте ги внимателно двата текста во Ла Верита кои беа придружен фолклор на прикачените видеа со „скандалот од Мачедониа ди Норд“. Клучната поента; по низата конспиративни теории за улогата на Сорос, Германија, ЕУ и останатите белосветски „мешетари“ во уривањето на власта на ВМРО-ДПМНЕ; е дека се работи за држава „со ограничен суверенитет во која политичките актери се кукли зад кои стојат далеку помоќни меѓународни фактори“. Дополнително, и дилемата која ја поставува весникот, како една ваква корумпирана држава смее да почне преговори за членство со ЕУ, објави dw.com.

 

Текстот во целост на: dw.com

 

На почеток