Македонија

Еден загинат и петмина повредени во сообраќајката на патот Куманово

Едно лице почина, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска во 14:15 часот на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка кај селото Облавце, потврди полицијата.

Несреќата се случила помеѓу три возила, товарно моторно возило, „Џип Гранд“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од 27 годишниот Ф.А од Куманово и автомобил „Алфа Ромео“. Во несреќата починал возачот на џипот Ф.А, а пет лица се повредени и однесени во кумановската општа болница, информираше МВР.

ФОТО и ВИДЕО: Душко Ѓоргиевски

На почеток